14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од денеска во Грција може да се патува и со рапид (брз) тест

Од денес стапуваат нови правила за влез во Грција. Можноста за влез и со негативен антигенски рапид (брз) тест и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, се двете промени.

Исто така, секој турист мора да ги почитува анти – ковид мерките, меѓу кои се носење на маска на лицето и почитување на полицискиот час кој започнува во 1.30 часот по грчко време.

Дополнително, сите патници на грчките гранични премини може да бидат тестирани по случаен избор со брз тест и доколку резултатот е позитивен, следи задолжителна изолација од 10 дена. Важно е што секој што сака да патува во Грција, најрано 24 часа пред патувањето, мора да пополни образец на веб-страницата www.travel.gov.gr и да го покаже кодот што го добил на границата.

И натаму за влез во Грција, како и за излез од таа земја кон Македонија, отворен останува само граничниот премин Евзони, со работно време од 7 до 23 часот по грчко, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

Промените вчера ги најави заменик -министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој рече дека земјите ќе бидат поделени во зелена, портокалова и црвена категорија.

Спонзорирано: