Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 319 возачи во Скопје, од кои 83 за брзо возење

Полицијата вчера казни 319 возачи во Скопје, од кои 83 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 319 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 20 за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 18 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли. Изречени се 18 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за возење под дејство на алкохол, 19 за користење мобилен телефон, 13 за некористење сигурносен појас, 10 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 61 санкција за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ИЛЈАДИ АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – СДСМ најавува блокада на спорното решение

ДЕСК

СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски

ДЕСК

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

ДЕСК