Рудник САСА, преку новоформираната Фондација за поддршкана одржливиот развој, ја потврди својата намера да продолжи годишно да вложува повеќе од 300.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница. Ова беше соопштено на средбата на претставниците на менаџерскиот тим на САСА со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, која по повод 15-годишнината од рестратирањето на рудникот, престојуваше во Македонска Каменица, каде се запозна со реализацијата на дел од досегашните и тековните општествено одговорни проекти, како и со плановите за идни вложувањана САСА во развојот на заедницата.
„За нас во САСА успехот е целосен само доколку се сподели со луѓето и со заедницата во која ние живееме и работиме. Затоа, благодарение на поддршката што ја добиваме од нашите сопственици – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, како и соработката со институциите на централно илокално ниво и партнерите, како што е Британската Амбасада, ние и понатаму ќе продолжиме да работиме на натамошен одржлив развој на САСА, што ќе ни отвори нови можности за уште поголеми вложувања во проекти кои се значајни за просперитетот на луѓето и локалната заедница“, изјави директорот за одржлив развој на САСА, Ивица Талевски, заблагодарувајќи ѝ се на Амбасадата на Обединетото Кралство и на амбасадорката Галовеј, за искажаниот интерес иконтинуираната поддршка.Во рамки на оваа посета, Амбасадорката на Обединетото Кралство помеѓу останатото се запозна соработата на Тренинг центарот за обука на САСА, како и со поддршката што ја дава компанијата за воведување на новиот концепт за дуално образование во рамки на општинското средно училиште истипендиите што се доделуваат на студенти на универзитетот во тип. Ваквата поддршка треба да ги зголеми перспективите за кариерен развој и вработување на младите. Амбасадорката беше запознаена со вложувањата на САСА во сегментот на здравствената заштита и поддршката на социјално ранливите граѓани во заедницата, особено во периодот на пандемијатаод Ковид-19, како и со најновиот проект за изградбата на паркот „Младост“ во МакедонскаКаменица, во што се вложени над 100 илјади евра. Беше презентиран и планот за вложувања во хортикултурно уредување на новата зелена урбана зона во градот.„Македонска Каменица е одличен пример за тоа дека кога постои вистинска визија, разбирање исоработка помеѓу деловните субјекти, институциите и граѓаните, тогаш може да се постигнатвидливи резултати кои носат прогрес и подобар квалитет на животот во заедницата.“, изјавиамбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, упатувајќи честитки за тимот на САСА и на Централ Азија Металс за целокупната досегашна работа и плановите за идни вложувања во развојот на заедницата.
previous post