Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 213 возачи во Скопје, од кои 34 за брзо возење

Полицијата вчера казни 213 возачи во Скопје, од кои 34 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 17 прекршоци што го прават возачите на мотоцикли. Изречени се девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, 15 за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, 77 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +