22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАТОП ВЕСТИ

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот, Зоран Заев, реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре во Софија македонската делегација ќе ги прифати барањата од Бугарија со кои се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија. Според него, најверојатно изгубен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

„Имаше и обвинувања дека преку Преспанскиот договор ќе го изгубиме идентитетот. Ќе прашам јавно, зарем може изгубен идентитет повторно да го изгубиме. Тој ниту бил изгубен, ниту ќе се изгуби. Изгубен е најверојатно господинот Мицкоски и ако некој го пронајде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ ама не верувам дека и таму ќе биде нешто од помош“, рече Заев.

Претходно Мицкоски обвини дека Заев, Бучковски, Османи и Димитров утре во Софија ќе ги прифатат барањата на Бугарија со кои се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија.

„Овој квартет кој државава ја чини многу скапо ќе отпатува во Софија, каде се спремни да дадат бел лист хартија кој бугарските политичари треба да го натоварат со барања, исти онакви какви што се содржани во Бугарската декларација со која се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија. Овој квартет предводен од Зоран Заев ќе го прифати сето ова, што подоцна треба да се реализира со исчекување на новата влада во Бугарија“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Според него, загрозени се националните и државни интереси, а Заев им дава поклон на Бугарите кој многу скапо ќе ја чини нашата држава.

„Апелирам на внимателност на македонскиот народ, свесно и будно да не дозволиме ново предавство на квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров“, напиша Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Го штитиме македонскиот идентитет, ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за бугаризација

M T

Борел: На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет, никој од нас не го губи

M T

Ковачевски: По 17 години чекање ги отвораме преговорите со ЕУ со заштитен и автентичен македонски јазик, идентитет и традиција

M T

Османи до грчкиот министер Дендијас: „Посветени сме на обврските предвидени со Преспанскиот договор“

M T

Митрески: За јазикот и идентитетот нема преговори, поднесовме амандман за резолуцијата да биде уставна

M T

Костадинов за „Утрински брифинг“: Нема отстапување од идентитетските линии, македонскиот јазик и посебноста не се и нема да бидат предмет на разговори

M T