11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерката Шахпаска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка Јохансен и претставничката на УНДП Сакахјан: Социјалната реформа овозможува поголема заштита на ранливите категории на граѓани и нивно активирање на пазарот на трудот

Министерката Шахпаска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка Јохансен и претставничката на УНДП Сакахјан: Социјалната реформа овозможува поголема заштита на ранливите категории на граѓани и нивно активирање на пазарот на трудот

„Социјалната реформа која ја донесовме во 2019 година, донесе бројни придобивки за граѓаните од ранливите категории. Во време на пандемија го олеснивме пристапот до Гарантирана минимална помош и образовен додаток. Но, целта не беше само нивни влез во системот на социјална заштита, туку нивно препознавање и активирање на пазарот на труд. Заедно со УНДП и Агенцијата за вработување на Северна Македонија креиравме и реализиравме програми и мерки за обуки, практиканство, доквалификации , преквалификации, самовработување со цел овие лица да излезат поконкурентни и поатрактивни на пазарот на труд“, рече министерката Шахпаска, на состанокот со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград задолжен и за Северна Македонија, Гир Хакон Јохансен и Нарин Сакахјан и со постојаната претставничка на УНДП во земјава, што се одржа по денешното отворање на новиот дел од објектот на детската градинка „8 април“, во Шуто Оризари.

Покрај за социјалната заштита, соговорниците разговараа за политиките и мерките кои се преземаат за припадниците на ромската популација, а се во насока на поголемо вклучување на децата во воспитно образовниот процес.

„Владата на Република Северна Македонија образованието на ромската популација го смета како приоритет во сите циклуси, од предучилишното образование, се до стекнување на универзитетска диплома. Нашата држава е лидер во нашето соседство со вклученоста на Ромите во предучилишно образование. Преку, проектот за вклучување на деца Роми во детските градинки, секоја година бесплатно се вклучуваат по 400 деца од најранливата категорија на ромската популација, семејствата кои користат ГМП, а истовремено работиме и со нивните родители за важноста на предучилишното образование“, подвлече министерката.

Заменик амбасадорот Јохансен и Сакахјан изразија задоволство од досегашната соработка со Министерството за труд и социјална политика. Еден од нив е и градинката „8 април“ и Дневниот центар за деца од улица, за кои Кралството Норвешка учествуваше во изградбата, а за имплементанцијата беше задолжена УНДП – Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Општина Шуто Оризари.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

M T

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина

M T

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T

Средба Шахпаска-Григоријан: УНДП е наш партнер и голем поддржувач, заедно создаваме услови за целосна инклузија и вработување на ранливите категории на граѓани

M T