18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Скопје со години беше поделено „од оваа и онаа страна на Вардар“, сега се инвестира во секоја општина и секоја населба

„Скопје со години живееше со стигмата ‘од оваа и онаа страна Вардар’, не се развиваше рамномерни како што доликува на главен град и метропола. Во овие четири години тоа е драстично променето, во Скопје се инвестира во секоја општина, во секоја населба што е важно за идниот развој на градот “ истакна вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Скопје.

„ СДСМ е носител и промотор на концептот Едно општество за сите. Тој концепт не значи само еднакви права и обврски за сите граѓани, значи и еднакво вложување во секоја општина, секое населено место “ кажа Битиќи.

Тој додаде дека младите сега добиваат нова можност и нова перспектива за животот бидејќи сите проекти и целата работа е за нив.

„И на овие избори ќе ја имаме најдобрата понуда за секој град, за секоја општина, за секој еден граѓанин. Понуда на квалитетни личности и на реални остварливи програми“ кажа Битиќи.

Тој додаде дека на трибини и средби со граѓаните ќе се бараат решенијата за нивните потреби и проблеми.

Можеби ќе ве интересира

ДИК поништи цела советничка листа на партија номинирана за Град Скопје поради починато лице

ДЕСК

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

ДЕСК

ЌЕ СЕ ПЕЧАТАТ НОВИ ЛИВЧИЊА: Погрешно распоредени бројчина на гласачките ливчиња во Ново Село привремено го стопираа гласањето

ДЕСК