Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Со активните мерки во коронакризата успеавме да спасиме 100 илјади работни места

„Активно помагавме за време на коронакризата и успеавме да спасиме 100.000 работни места, да им помогнеме на десетици илјади компании и тоа го правевме чесно и одговорно и сега кога веќе кризата е зад нас сме во позиција да имаме жива динамична економија и да проектираме повисоки стапки на економски раст“ истакна вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Скопје.

„Во овие четири години успеавме да ја поставиме економијата на здрави основи и придонесовме во Буџетот да имаме пари за капитални проекти, но да има повеќе пари и за нашите граѓани“ кажа Битиќи.

Тој најави дека пред нас е период на уште позасилени инвестиции во инфраструктурата, во енергетиката и во капиталните проекти преку Интервентниот план за инвестиции на владата.

„Така се работи за граѓаните и државата, чесно, одговорно и посветено. Така работи СДСМ и на централно и на локално ниво. Така се сака татковината. Пред скоро една година, ви ветив дека ќе ги засукаме ракавите и ќе се зафатиме со работа и ќе вложиме многу труд. Еве ме пак тука, со засукани ракави и со гласна порака дека продолжуваме посветено да работиме за нашата татковина со целото срце“ кажа Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +