Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Зеќири: ВМРО-ДПМНЕ не може да има мнозинство со Мицкоски

“ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски тешко дека некогаш ќе дочека да има парламентарно мнозинство”- вели поранешниот потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, коментирајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе формира ново мнозинство во Собранието, и тоа со пратеници од најголемата владејачка партија.

– Нашето мнозинство е стабилно и тоа само може да расте во иднина, вели Зекири за „Локално“.
Во однос на барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со локалните, поради, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, низата афери на власта, генералниот секретар на Владата ја исклучи ваквата можност.

-Може да се одржат парламентарните заедно со локалните избори, но единствено ако ги одложиме локалните и тие се одржат заедно со редовните парламентарни избори во 2024 година, тврди Зекири.

Тој исто така смета дека СДСМ апсолутно не го губи коалицискиот потенцијал и покрај најавата на дел од помалите партии во коалицијата за самостоен настап на локалните избори.
– Локалните не се парламентарни така да ова е шанса и помалите коалициски партнери да си ја пробаат среќата и тоа е легитимно, вели Зекири.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПРЕД СИЛЕН ЗИМСКИ БРАН – Снег за викендот, од вторник температури до -14 степени

ДЕСК

ВЕЧЕРВА ТЕШКА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА – Петмина повредени во судир на три возила

ДЕСК

КРАЈ НА ДОЛГОГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ ВО КРИВА ПАЛАНКА? – Почнува организирано отстранување на добитокот

ДЕСК