17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Лажниот левичар Апасиев делува како продолжена рака на Мицкоски, кочи и блокира се што е во интерес на граѓаните

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ:

Лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев девет месеци е пратеник во Собранието и за целиот тој период нема поднесено ниту еден амандман ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните.

Како продолжена рака на Христијан Мицкоски, исто како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Апасиев и Крмов кочат закони важни за граѓаните.

Лажниот левичар Апасиев го немаше никаде кога ВМРО-ДПМНЕ ги кочеше законите за петтиот и шестиот пакет мерки помош за граѓаните, го нема никаде кога се кочи најкапиталната инвестиција во македонското јавно здравство, Клинички центар.

Толку од грижата за граѓаните, за работниците од страна на фејк левичарот Апасиев и неговата партија.

Кочи закони во Собранието а зема плата од граѓаните. Згора на се малку му е пратеничката плата па побарал од државата реновинарање на семејната куќа во Велес.

Додека добиваат државни, народни пари Апасиев и Левица во Собранието работат на директна штета на оние кои ги плаќаат, на директна штета на граѓаните.

Блокади, лажни вести, гол популизам, тоа е се што нуди оваа лажна левичарска партија, предводена од лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев.

Левица е производ на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно работат координирано на штета на граѓаните.