Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Заев: Стечајците без 15 години стаж ќе добијат паричен надоместок

Подготвен е закон за паричен надоместок на стечајни работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж.

– Се работи за 140.000 денари. Државата веќе помага со милијарда и 500 илјади денари. Треба да разговараме со министерот за финансии и да ги видиме сите параметри, за да ги направиме математиките. Но ќе направиме се за овие лица да земаат паричен надоместок, потенцира вчера од собраниската говорница премиерот Зоран Заев.

Тој потсети дека како Влада зеле обврска да им излезезат во пресрет на околу 13 илјади лица, коишто работеле во државни претпријатија, кои пропаднале, а луѓето останале без работа.

– Затоа се донесе Законот за материјално обезбедување на невработени лица, кои поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, со услов 15 години, останале без работа. Досега тој надоместок го примаат околу 13 илјади граѓани. Но, чувството на неедкавост кај лицата кои работеле 14 години и 10 месеци или 14 години и седум месеци е сосема оправдано оти и тие како нивните колеги работеле заедно иста работа, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Споделувајте по ваши правила со Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Нафтените гиганти го предупредуваат Трамп: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

C +

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ГРАТИС КЛИМА ИНВЕНТЕРИ: Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима – започнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена

ДЕСК