Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Прогноза за наредните денови: УХМР најавува невреме

Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Утре и во поголем дел од денот во недела времето ќе биде стабилно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има локален дожд,а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Прогноза за 30.05.2021
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=7

Прогноза за 31.05.2021
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=6

Прогноза за 01.06.2021
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 25°C
Променливо облачно, на места нестабилно со повремен пороен дожд и локална појава на грмежи. УВ=5

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК