Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Невреме, па пеколни температури – Метеоцентар со детална прогноза за празниците

Утре ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја. Потоа до понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе има значителен пораст на температурите кои на места ќе бидат и над 30 степени. Во ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Прогноза за 30.04.2021
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 24°C до 30°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 01.05.2021
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 25°C до 31°C
Умерено до значително облачно со умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Прогноза за 02.05.2021
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во западните делови засилен југозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК