12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нов влажен бран во Македонија: УХМР со најнови информации

Уште утре утринските температури на места ќе се спуштат до околу нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст.

Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Прогноза за 23.04.2021
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Облачно со врнежи од дожд, на места пообилни особено во југозападните делови.

Прогноза за 24.04.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 25.04.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Спонзорирано: