Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца дилери од Штип, запленет хероин

Денеска (21.04.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полуција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија на наплатна рампа “Миладиновци” ги лишија од слобода Т.З.(43) и Ш.Н.(30), двајцата од Штип. Имено, при извршена контрола на патничко возило “голф”, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З., и преглед над двете лица, полициските службеници кај Т.З. пронашле полиетиленско пакување хероин. Двајцата се приведени во Полициска станица Гази Баба, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +