6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Костадинов: Голем е стравот од пораз кај Мицкоски, затоа неговите пратеници го кочат Собранието

Со месеци целата јавност гледа деструктивно, неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ безобразно ја злоупотребува ситуацијата со пратеници заболени од ковид и со пратеници кои се во изолација, за да ги кочи сите важни процеси и закони за граѓаните, обвини портпаролот на владејачката СДСМ, Костадин Костадинов.

„ Денес немаше да бидеме во ваква ситуација ако ВМРО-ДПМНЕ не се противеше и не ги блокираше измените на Деловникот за работа со што можеше да се обезбеди работа од далечина на пратениците позитивни на ковид или се во изолација“ истална тој, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ блокира се што е во интерес на граѓаните, дека нивните пратеници не влегуваат во салата и не работат за граѓаните што ги гласале.

„ До каде оди нивната деструктивност зборува и фактот што денеска од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе ја блокираат и утрешната седница на која се и барањата за интерпелација поднесени токму од ВМРО-ДПМНЕ, како и Информација во врска со актуелните состојби во здравството, исто така поднесена токму од ВМРО-ДПМНЕ“ рече Костадинов.

Им порача на пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат алиби и да нудат оправдувања за нивните блокади, туку да почнат да работат за граѓаните.

Според него, очигледно било дека големи се фрустрациите кај Мицкоски од шесте порази од граѓаните, а стравот бил огромен од следниот извесен пораз на есен, па затоа, вели тој, неговите пратеници овде во Собранието кочеле и блокирале.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ, реформскиот процес ќе продолжи, но ќе продолжат и поразите на Христијан Мицкоски, порача Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ УТРЕ МОЖЕН ДОЖД, ОД ЗАДУТРЕ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО РЕЧИСИ 40 СТЕПЕНИ – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +