14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снегот не престана да вее и денеска – УХМР соопшти кога ќе биде најстудено неделава

Денес уште од изутрина ќе има врнежи од снег на планините и на повисоките места. Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. До среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час).

Прогноза за 24.03.2021
Минимална температура: -7°C до -1°C
Максимална температура: 3°C до 12°C
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места и особено во планинските региони ќе провејува слаб снег, на југоистокот ќе има слаб повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 25.03.2021
Минимална температура: -6°C до 0°C
Максимална температура: 5°C до 13°C
Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови.

Прогноза за 26.03.2021
Минимална температура: -6°C до 0°C
Максимална температура: 5°C до 13°C
Наутро студено, а преку денот сончеви со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Спонзорирано: