26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Предолжува трендот на намалување на загадувањето во Скопје

По охрабрувачките вести од анализата на резултатите на бројките на загадување во месец јануари во Скопје, споредено со истиот период од претходните години, ја продолживме анализата и за месец февруари. Со споредувањето на нивото на ПМ10 честички и бројот на денови на надминување може да се заклучи дека позитивните трендови на опаѓање продолжуваат.

(извор – мерни станици на министерство за животна средина и просторно планирање)

Од графиконите јасно забележуваме дека во сите државни мерни станици во централното градско подрачје (Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат) има континуитет во намалувањето на загадувањето во последниве години – 2018, 2019, 2020 и 2021. За пример, најзагадениот ден со максимална средно дневна концентрација на ПМ10 во Карпош е од 471 микрограми на метар кубен во 2017, додека оваа година бројката е за повеќе од четири пати намалена, односно изнесува 100 микрограми на метар кубен. Во 2021 Карпош и Гази Баба го бележат најниското ново на максимална средно дневна концентрација на ПМ10 честички од 2015, односно од кога има мерења за концентрација на ПМ10 честички во воздухот. Исти или слични резултати се измерени во сите државни мерни станици во Скопје.

При анализа на податоците за месец февруари, вклучувајќи ги сите државни мерни станици во централното градско подрачје, по драстичниот пад во 2018 година, сведоци сме на постепено и континуирано намалување на нивото на максималната вредност на ПМ10 во воздухот.

(извор – мерни станици на министерство за животна средина и просторно планирање)

Доколку пошироко ја анализираме оваа тема и бројките кои се однесуваат на неа, и направиме пресек на годишно ниво, ќе видиме дека падот на нивото на ПМ10 честички на метар кубен е посебно видлив последната година, 2020. Земајќи го превид тоа дека и јануари и февруари (односно најзагадените месеци) од 2021 имаме дополнително намалување на бројките, можеме да очекуваме дека 2021 ќе биде подеднакво охрабрувачка. Тоа што е посебно значајно е дека овие податоци се индикација дека се преземени вистински чекори за надминување на овој проблем на долг рок.
Очекувано е дека политиките насочени на намалување на загадувањето не можат да дадат резултати преку ноќ, токму затоа ваквите податоци се вистинска индикација дека треба посветено да се продолжи со преземените активности за да истите доведат до посакуваната цел.

(извор – мерни станици на министерство за животна средина и просторно планирање)