Centar.mk
фото Општина Гостивар / 16 март 2026
ЛОКАЛНО

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денес го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица.

„Денес дојдовме да ги видиме веќе завршените работи во Долна Бањица во должина од 260 метри. Реконструкцијата на овој пат беше неопходна поради неговата претходна состојба. Сега патот е изграден според највисоките градежни стандарди и ќе им служи на жителите на оваа област за побезбедно и полесно движење“, изјави Лимани.

Асфалтирањето на патот во Долна Бањица опфаќа 260 метри асфалт и ги поврзува не само населбите, туку и неколку села во Гостивар.

фото Општина Гостивар / 16 март 2026

Можеби ќе ве интересира

Во Општина Илинден се одржа 15. Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СЕ МЕНУВА СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Ноќна трка на пет и 21 километар

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – Изменето движењето кон гробиштата поради Задушница

ДЕСК