Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Богојески: Да бевте ангажирани за осудените за 27-ми како што сте за Камчев, одамна ќе бевме друга држава

Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, познат и како еден од иницијаторите за реформи во опозициската партија, а сега активен иницијатор на „Македонски концепт“, политичка платформа која инсистира на обединување на опозицијата, се огласи на својата фејсбук страница за случувањата во земјава каде главната ролја во јавноста ја има приведениот и осомничен Орце Камчев.

-Да бевте толку ангажирани за осудените за 27ми, како што сте за Орцето Камчев, одамна ќе бевме друга држава!

Тие се потрошен материјал, а Орцето мора добро да живее на сметка на таквите како нив!

Мицињата комплет сте завалијата! – напиша Богојески.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

ДЕСК

СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано – Балканскиот картел се распаѓа – Мицкоски остана сам

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

ДЕСК