17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев ги пресретна, власта е стабилна, опозицијата разнишана

„Шест месеци како ја добив честа да ја водам оваа влада, шест месеци опозицијата вели дека оваа Влада ќе ја сруши, ќе падне, дека нема да има доверба. Веќе има три – четири месеци како најавуваат недоверба на владата, постапки за недоверба на владата, гласање за недоверба на владата, за денеска дури и да не бидат присутни во парламентот кога јас го отворам прашањето за доверба на владата.“- истакна премиерот Зоран Заев, пред пратениците, за да ја увери јавноста дека власта има стабилно мнозинство, додека ВМРО ДПМНЕ, неможејќи да ја надмине разнишаната ситуација во партијата, со лажни вести ги манипулира граѓаните дека мнозинството е на нивна страна.

Токму затоа Заев во говорот напомена дека гласањето ќе потврди дали владата има мнозинство пратеници, односно дали опозицијата е разнишана, или пак, и двете.

„Ред е да се соочиме и да расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното наводно мнозинство од опозицијата кое, наводно, ќе ја падне оваа Влада. Да и дадеме на јавноста шанса да види колку се празни овие зборови и дека се искажуваат со единствена цел да создаваат лажна слика за силата на опозицијата и за наводната разнишаност на владината коалиција. Или, пак, ќе се види дека владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период“- зборуваше Заев, за потоа со гласањето и искажаната доверба од 62 пратеника, да ја потврди својата теза, дека опозицијата во незнаење и немање констуктивни идеји за напредок на државата, отвора непотребни прашања во јавноста и при тоа се служи со лажни вести, а паралелно го блокира парламентот, за да прикаже во лажните вести дека власта наводно нема мнозинство.

Токму во обид да ги разобличи сите намери на ВМРО ДПМНЕ, со кои сакаат да прикажат дека владата е во криза, дека нема мнозинство и дека се соочува со скорешен пад од власта, Заев го изведе неочекуваниот потег со гласање доверба и ги изненади сите пратеници, најмногу оние од опозицијата. Но, преку тоа тој испрати порака дека неговите политики имаат поддршка и дека демократијата подразбира поинакво функционирање, не како она што сака да го практикува ВМРО ДПМНЕ по примерот на Никола Груевски, па го искоментира и потегот на ДОМ и на ДС за самостојно делување.

„Ќе се види дека оваа владина коалиција оди и чекор понатаму во практикувањето на демократијата и нема ништо против пратениците од помалите политички партии на нашата коалиција да го користат легитимното право да делуваат самостојно во парламентот. Тоа е моќта на слободата на делување на коалиционите партнери чија водилка е напредокот на земјата, а не партискиот рејтинг. Ние не сме и никогаш нема да бидеме партија која мнозинството во собранието и стабилноста на Владата се обезбедува со меници издадени од Груевски.“- порача Заев во обраќањето.

Стабилноста на владата, Заев ја илустрираше и преку големите проекти кои државата ги има започнато, како пописот, судските реформи, имплементација на петиот пакет економски мерки, справувањето со пандемијата, и дека владата пред себе има мандат за да покаже и економски напредок на државата. Сето тоа што се спроведува, вклучително и очекувањето да започнеме преговори со ЕУ, му боде очи на Христијан Мицкоски, а соочен и со вонреден партиски конгрес за негова смена, тој не може да ја сокрие разнишаната позиција, и својата, и на партијата.

Спонзорирано: