Снежните врнежи денеска го забавуваат сообраќајот во повеќе планински предели на Србија. Надлежното претпријатие „Путеви Србије“ ги повика возачите да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема.
На дел од патиштата во југозападниот дел на земјата утрово имало до пет сантиметри снег на коловозите. Метеоролозите очекуваат дополнително формирање снежна покривка во текот на викендот.
Патниците од Македонија треба да ја проверат проодноста на конкретната делница пред поаѓање.


