Тројца бугарски државјани се хоспитализирани по инцидентите поврзани со фудбалскиот натпревар меѓу Олимпик Марсеј и Левски Софија.
Информацијата денеска ја потврди бугарското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на податоци од Генералниот конзулат во Лион.
Инцидентите предизвикаа реакции во Бугарија, каде што навивачите побараа утврдување на одговорноста и соодветна заштита на повредените граѓани.


