15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Се вработуваат административци, отворени огласи

Отворени се огласи за вработување во администрација.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 5 државни службеници во Општина Битола. На огласот, се бараат соработници и помлади соработници. Платите во зависност од работната позиција се движат до 22.311 денари. Секретаријатот за законодавство вработува 3 државни службеници на позицијата помлад соработник за странски инвестиции, за добро од општ интерес концесии и јавно приватно партнерство на минерални суровини и вода, како и помлад соработник за земјоделство и животна средина, а нето платата за овие позиции е 20.990денари. Втор оглас за вработување има објавено Инспекторат за употреба на јазиците при Министерството за правда, и тоа на позициите раководител на одделение за информатика со нето плата од 29.693 денари, понатаму еден државник на позицијата советник за превод и лекторирање со нето плата од 26.253 денари. Се вработува и раководител на одделение за инспекциски надзор за примена на законот за употреба на јазиците со нето плата 29.639 денари и еден советник за инспекциски надзор за Скопје со нето плата од 26.253 денари. Министерството за животна средина и просторно планирање објавува оглас за вработување на 11 државни службеници со нето плата од 22.026 до 29.694 денари.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК