3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упаднала на прослава за пензионирање на Миленко Неделковски, приведени 18 гости

Новинарите Миленко Неделковски и Александар Митовски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, екс судијата Владимир Панчевски и уште 14 други лица биле приведени вчера при контрола на Државниот пазарен инспекторат и полицијата во угостителски објект во селото Стајковци.

Според Министерството за внатрешни работи приведени се вкупно 18 лица поради непочитување на мерките за заштита.

„На 26.02.2021 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на улицата 6 во селото Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица кои се приведени во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од ковид-19“, соопшти полицијата.

Пандов за порталот 360 степени потврдил дека присуствувале на прослава по повод пензионирањето на Неделковски. Според него, во 21.25 часот тие веќе заминувале од локалот, но ги пресретнала полицијата и ги повикала да дадат изјави во полициската станица во Гази Баба. Пандев рекол дека полицијата била коректна и дека откако дале изјава, биле пуштени.

По документирање на случајот МВР најави дека против приведените ќе поднесе соодветни поднесоци.

Спонзорирано: