15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ ќе ја окова Македонија, температурите одат до -13 степени: Цела Македонија ќе биде под снег, еве каде врнежите ќе бидат обилни

Денес ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, претпладне пообилни во западните, а попладне во источните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север денес попладне и во текот на ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе биде и силен со брзина и над 70 км/час. Воздушниот притисок во следните 24 часа ќе порасне за 20 мерни единици.

Од утре следува период на многу студено време со умерен до засилен ветер од северен правец. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми, позначителна во западните делови.

Прогноза за 13.02.2021
Минимална температура: -10°C до -4°C
Максимална температура: -5°C до 1°C
Облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег, особено попладне и најобилни во југозападните делови. До крајот на денот се очекува насекаде да се формира снежна покривка, а на планините да се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.02.2021
Минимална температура: -11°C до -5°C
Максимална температура: -8°C до 0°C
Облачно, студено и ветровито со врнежи од снег пообилни во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.02.2021
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -6°C до 2°C
Сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сончево и посвежо време, температурата од 14 до 22 степени

M T

Нумеролошка прогноза за 3 месеци: Некои ќе се заљубат, а некои ќе се збогатат

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

До петок стабилно време, од недела заладување

M T

Променливо време со силен ветер, дожд и град

M T

Сончево време со температури до 32 степени

M T