Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи утре во работна посета на Босна и Херцеговина

Како дел од турнејата на регионот, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина.

Во рамките на посетата, освен со својот домаќин, заменик-претседавачот на Советот на министрите и министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, министерот Османи ќе биде примен во Претседaтелството на Босна и Херцеговина, каде што ќе има средба со членот на претседателството, Шефик Џаферовиќ, и ќе се сретне со претседавачите на двата дома на парламентот на Босна и Херцеговина.

Во фокусот на работната посета на министерот Османи ќе биде развојот на билатералните односи, како и можностите за иницирање нови форми на соработка од интерес на двете пријателски земји.

Посебен интерес ќе биде посветен на процесот на интеграцијата во Европската Унија и на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, напредокот на тој план и очекувањата на двете земји во наредниот период.

Како земји што претендираат за засилување на соработката во регионот, осврт ќе биде направен и за актуелните состојби во нашето непосредно и пошироко соседство, значењето од интензивирање на регионалната соработка, како и актуелните регионални и глобални предизвици.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +