5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Велигденските и првомајските празници се спојуваат во мега продолжен викенд – Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва

Програма на неработни денови за 2021 година:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2021 година неработни денови се:


За сите граѓани на РМ
01 мај се паѓа во сабота и се одбележува Ден на трудот.

03 мај (понеделник) е Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар.

13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.

На 02 август (понеделник), Ден на Републиката, додека на 8 септември (среда) се одбележува Ден на независноста, а 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание.

На 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, а 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед:
30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,  18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 05 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ- 27 јануари (среда), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ – 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ –  23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ – 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, за граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ – 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ – 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК