25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме проследено со дожд, ветер и грмежи од утре низ Македонија, потоа драстичен пад на температурите и “враќање” на зимата

Утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни, а ќе има и услови за појава на грмежи.

На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат.

До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во вторник и четврток на места пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од петок ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Прогноза за 09.02.2021
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час.

Прогноза за 10.02.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 11°C до 18°C
Променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер.

Прогноза за 11.02.2021
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Спонзорирано: