-2 C
Скопје
16. јануари 2021
Centar.mk – Дознај сѐ!
Centar Македонија ТОП ВЕСТИ

Гир: Проверките во судството треба да го подобрат владеењето на правото 

Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, смета дека процесот за проверка во правосудството и новата методологија треба да придонесе кон ефективно владеење на правото. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на започнатата филтрација во правосудството кажа дека треба да се обезбеди доверба на граѓаните во процесот на реформи, кои моментално се одвиваат во правосудството.
-Министерот спомена дека се работи за процес кој е во тек. Важно е Судскиот Совет, Советот на Јавни Обвинители, Државната комисија за спречувањето на корупцијата и нивните тела да продолжат со исполнуваат нивните надлежности. Тоа значи обезбедување ефективно владеење на правото, добивање на јавната доверба, одговори Гир. 

Министерот за правда Бојан Мaричиќ, пак, во своето обраќање на презентацијата на финалето на проектот „Поддршка на реформите на правосудниот сектор“ наброја дел од проектите кои ќе бидат во фокусот на Министерството, а се однесуваат на зголемувањето на довербата на граѓаните во правосудниот сектор.

– Доследна имплементација на моделот за евалуација на судиите и јавните обвинители од страна на Судски совет и Совет за Јавни обвинители, процес кој ќе се спроведува исклучиво преку постоечките механизми – тела и законски решенија, а кое како министерството ќе го следиме. Овој процес е дел од амбициозната владина „Акција 21“ преку која оваа година ќе се преземат сериозни чекори на повеќе полиња со цел носење на европските стандарди – дома. Отпочнување со мониторинг на судски предмети врзани со висока корупција, кој опфаќа околу 50 предмети годишно, околу 50 предмети годишно – проект на ОБСЕ и ЕУ, потенцираше Маричиќ.