Маглата денеска ја намали видливоста на повеќе патни правци низ Македонија. Според пладневните информации од ЈП „Македонијапат“, видливоста на планинските превои Стража, Плетвар и Страцин се движи меѓу 80 и 100 метри.
Намалена видливост до 100 метри е регистрирана и на патиштата Демир Хисар – Железнец и Кривогаштани – Крушево.
Патните правци се проодни, а дежурните екипи работат на нивно одржување. На возачите им се препорачува внимателно движење, особено низ клисурите каде што се можни одрони.


