Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери денеска побараа претседателот на Собранието Африм Гаши да свика итна седница посветена на функционирањето на системот за заштита од семејно насилство.
Иницијативата следува по последниот случај во Гостиварско, во кој жена беше пренесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба. Од опозицијата бараат да се разгледа начинот на кој институциите постапуваат по пријавите за насилство, ги проценуваат ризиците и ги спроведуваат мерките за заштита.
СДСМ побара и политичка одговорност од министерот за внатрешни работи. Засега не е потврден термин за одржување на бараната седница.


