Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Истанбул го прими меѓународното признание „Liability Management Deal of the Year“ за 2026 година, доделено за финансиската трансакција поврзана со десеттата македонска еврообврзница.
Преку издавањето на новата еврообврзница и предвременото откупување на дел од постојниот долг, според Министерството за финансии, остварена е буџетска заштеда од 3,2 милиони евра.
Признанието е доделено во рамките на регионалниот финансиски настан „Global Banking & Markets“, на кој учествуваат претставници на финансискиот сектор од Централна и Источна Европа, Централна Азија и Турција.


