Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Љупчо Николовски: Тест за проценка на владините функционери за да создадеме подобар живот за граѓаните

„Нашата цел е да работиме за да создадеме подобар живот за секој наш граѓанин, а тоа да го обезбедат чесни функционери и отчетни институции, кои работат во интерес на народот и на државата, а не во сопствен или партики интерес.“- истакна вицепремиерот Љупчо Николовски на прес конференцијата на која ги промовираше приоритетите од владината „Акција 21 – европски стандарди дома“.

Нагласи дека за да може секој владин функционер да придонесе во олеснувањето и подобрувањето на квалитетот на животот ќе мора да помине низ тест за интеграција.

„Во Новата 2021 година продолжуваме со имплементација на препораките од ГРЕКО. Во првата половина на годинава, во соработка со УСАИД ќе се спорведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници. Тоа ќе придонесе за воочување на евентуалните слабости во поединечните сектори, а со тоа ќе се превенира и корупцијата навремено. Имено, тестот ќе покаже кои сектори се најризични од во поглед на корупција, спобноста за менаџирање на кризни ситуации од страна на функционерите.Така ќе сеовозможи соодветно алоцирање на ресурсите, зајакнување на капацитетот на инситуциите, обезбедување на поефикасни и навремени услуги кон граѓаните.“- објасни Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Со нови 215.000 садници, Халкбанк и оваа сезона ја продолжува иницијативата „Еден милион садници за 5 години“

ДЕСК

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК