7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Ќе служиме чесно и посветено, кој нема да почитува норми ќе го стигне правдата

„Минатата година, со почетокот на мандатот, преземавме јасни и недвосмислени чекори. Започнавме отворена и бескомромисна битка против ова зло, во која секој што го прекршил законот, ќе сноси одговорност. Донесовме нов поприменлив Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, со кој, освен министрите и замениците министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата, до најниско ниво. А, дека се водиме од мотото неселективна правда, покажа и разрешувањето на функционери кои прекршија одредби од Кодексот.“- подвлече вицепремиерот Љупчо Николовски промовирајќи ги европските стандарди дома преку Акција 21.

Укажа дека секој функционер ќе биде проверуван за неговото работење, а на позиција ќе останат само оние кои се однесуваат одговорно, чесно и соработуваат со граѓаните.

„Ги задолживме сите надлежни институции, вклучително и општините и Градот Скопје, на своите веб страни, јавно да ги објавуваат сите документи и информации поврзани со нивната работа. Ова ќе биде и еден од условите за општините да добиваат финансиска поддршка од Буџетот и од меѓународните институции. Имаме конкретна алатка по која го мериме однесувањето на функционерите, дали се одговорни, дали работат етички, дали им служат на граѓаните чесно и посветено. Сите што им служат на граѓаните со работа, посветеност и одговорност, не треба за ништо да се грижат. Останатите треба да знаат дека се мониторирани и дека ќе бидат сменети ако не се промената себеси.“- рече вицепремиерот Николовски.

Спонзорирано: