12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

УЈП со важна информација за граѓаните кои оствариле приход од закуп, подзакуп или капитална добивка

– Ве информираме дека Управата за јавни приходи започна со активност која ќе ги опфати обврзниците на данок на личен доход (физички лица) кои во тековната 2020 година оствариле доход од закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и обврзниците кои оствариле капитална добивка од продажба или размена на недвижен имот, учество во капиталот или друг подвижен или нематеријален имот, кои се должни да платат данок на личен доход по тој основ, а во даночната евиденција сè уште не е евидентирана уплата на доспеаните аконтации на данокот по налозите за плаќање издадени од Управата за јавни приходи, велат од УЈП.

– Целта на оваа активност е усогласување на Управата за јавни приходи и даночните обврзници доколку аконтацијата на данокот е платена со налог за плаќање кој не е издаден од Управата за јавни приходи по поднесена електронска пресметка од страна на обврзникот, како и потсетување на обврзниците кои не ги платиле доспеаните даночни обврски за 2020 година.

Даночните обврзници кои ќе добијат порака на својот е-маил (пријавен при регистрација на системот e-ПДД), со наслов “Известување за неплатени аконтации на данокот на личен доход за 2020 година”, ги замолуваме да го следат упатството дадено во самата порака, велат од УЈП.

Можеби ќе ве интересира

Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите

C +

Трамп ја повикува ЕУ да изврши притисок врз Путин со 100 проценти царини врз Кина и Индија

C +

На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин

C +