Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Oблачно со утринска магла и температури до 13 степени

Времето денеска ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје претпладне облачно со појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПРЕД СИЛЕН ЗИМСКИ БРАН – Снег за викендот, од вторник температури до -14 степени

ДЕСК

ВЕЧЕРВА ТЕШКА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА – Петмина повредени во судир на три возила

ДЕСК

КРАЈ НА ДОЛГОГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ ВО КРИВА ПАЛАНКА? – Почнува организирано отстранување на добитокот

ДЕСК