Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп – 88, во ковид-центарот во Гостивар – 54, а во Струга – 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани – 21, во Кичево – 20, Кавадарци – 50, во Гевгелија – 14 лица, а во Дебар – 5 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.197 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.