14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Героски: Направена е ненамерна грешка, БГНЕС во остар коментар ме обвини за “фабрикување”

Во мојата колумна под наслов “Професоре Бучковски, ви го одземам правото да преговарате со Бугарија во мое име и во име на мојот народ!”, поради ненамерен превид, се поткрадна грешка дека интервјуто на Бучковски е дадено за агенцијата БГНЕС. Откако утрово самиот Бучковски ми укажа на грешката, направив исправка, во која прецизно е посочен конкретниот бугарски медиум и е даден линк до целото интервју, стои во реакцијата на новинарот Бранко Героски, кој утрово беше прозван од страна на БГНЕС дека го измислил „интервјуто“ на Бучковски за нивната агенција.

„Овој превид суштински е небитен за тезите на Специјалниот пратеник со кои полемизирам. Во мојот коментар нема говор на омраза или било каква нетрпеливост. Самиот професор Бучковски ми најави дека полемиката ќе ја продолжиме.За жал, агенцијата БГНЕС, во остар коментар ме обвини за “фабрикување” интервју и за говор на омраза. Тоа е тажно, бидејќи со сопственикот на агенцијата Љубчо Нешков многу добро се познаваме и тој најдобро знае дека таквите обвинувања на моја сметка се не само неточни, туку и бесмислени“, стои во реакцијата на Героски.

Тој вели дека некои македоонски медиуми, сето ова го користат за да го поткрепат обидот за негова лична дискфалификација и за спречување на јавната дебата за суштината на отворените прашања меѓу Скопје и Софија.

„На такви и слични напади сум изложен со години – како во Грујово, така и во Заево време – но како што е општо познато, кај мене обидите за замолчување не врват,“ вели Героски.

Спонзорирано: