Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Среде пандемија ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за здравствената заштита

Среде пандемија, додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓани, се борат против коронавирусот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со поднесување 500 амандмани во Собранието, ги блокира измените на Законот за здравствената заштита, велат од СДСМ.

Според нив, срамно и неодговорно е опозицијата да се обидува да ја блокира работата на парламентот, да работи на штета на интересите на граѓаните.

„Ова е продолжение на опструкциите што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот. Граѓаните, целата јавност, ова го гледа и го цени“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека токму ваквите политики на ВМРО-ДПМНЕ се причина зошто трипати по ред се казнети на избори.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК