Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Зоран Заев: Од денеска судските такси се намалени до осум пати

Од денеска судските такси се намалени до осум пати, со што овозможуваме правдата да е подостапна за граѓаните, соопшти премиерот Зоран Заев.

Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот.

Луѓето на кои им беше потребна правда, поради високите трошоци често се откажуваа да ја бараат во судниците. Тоа ќе се промени, граѓаните ќе можат да стигнат полесно до правда.

Она што го ветивме во Програмата за работа на Владата 2020-2024, го исполнуваме. Продолжуваме да работиме за да има правда достапна за секого и правна држава во која сите ќе бидеме еднакви пред законите, вели Заев.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК