Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во тек седница на Владата – се носат нови мерки во борбата против коронавирусот

Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 17-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата е предвидено да бидат разгледани и повеќе предлог-закони од областа на социјалната заштита на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

На денешната 17-та Владина седница, која е закажана со почеток во 12:00 часот, на дневен ред, меѓу другото за разгледување се и Предлогот за изменување и дополнување на Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2020 година, како и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Исто така вчера беше најавено дека денес Владата ќе одлучува по барањето на Комисијата за заразни болести, кафе баровите и рестораните да работат со скратено време до 21 часот секој ден, а не како до сега до 23 часот.

Повеќе детали за донесените одлуки, очекувајте на Centar.mk многу скоро.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +