Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Победата на СДСМ на изборите се должи на многу труд, работа, себе-жртвување, на демократски, партиски ангажман

Зад нас е многу значајна победа на парламентарните избори, формирање мнозинство и раководни структури во институциите за повторно, со нов мандат од граѓаните да им служиме, и на граѓаните и на нашата татковина, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во обраќањето на 25. Конгрес на СДСМ.

Тој истакна дека ваа победа се должи на многу труд, работа, себе-жртвување, се должи на државнички, но и соодветен, демократски, партиски ангажман. Се должи и на создавање нов партиски систем на работа, отчетност и следење на работата, организирано, темелно и јас би рекол одговорно.

Покажавме дека тимската работа, фокусирање на интересот на татковината и граѓаните заедно со воспоставување на функционален систем е клучот на успехот, рече Николовски, додавајќи дека на овој успех му претходеше период на силен партиски ангажман и со силно присуство на терен каде директно, очи во очи разговаравме со граѓаните, ги презентиравме нашите идеи и проекти и ги слушавме нивните предлози и забелешки.

Блгодарен сум на поддршката од граѓаните ама Ви благодарм и Вас за поддршката. И кога ја презедов одговорноста и честа да бидам Ваш генерален секретар, и кога воведовме нов систем на работа и функционирање на партијата. Сакам да се заблагодарам и на мојот тим и мојот кабинет, без Вас, без нив, овој систем и нов начин на работа на партијата немаше да биде успешен, порача Николовски на отворањето на 25-тиот Конгрес на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК