9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

“Ново дефиле на Мицкоски за одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ дејствува опасно по јавното здравје”

Очајниот губитник Христијан Мицкоски продолжува со неодговорно, незрело однесување, опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните. Денеска безидејниот Мицкоски повторно ќе организира таканаречени протести кои се со единствена цел – спас на неговата фотелја во белиот дворец, рече на прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ


– Дефилето со луксузни автомобили за одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе заврши во Штип.

Поучени од претходните вакви таканаречени протести со автомобили, ги советуваме приврзаниците на Мицкоски, луксузните автомобили, тие на „М“ да ги остават овде, а потоа кон Штип да продолжат со стари автомобили.

Токму така правеше нивниот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски со мерцедесот од 600.000 евра кој го менуваше пред да влезе во некое населено место, рече Васев.

Во време кога се соочуваме со есенскиот бран на коронавирусот, Мицкоски продолжува да се однесува незрело и да биде закана по јавното здравје.

Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, а надвор одржуваат јавни собири на кои редовно се прекршуваат мерките за заштита од КОВИД 19. Класично деструктивно дејствување на губитник Мицкоски.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски. Оваа партија знае само да брани криминал и да се обидува да го поткопува здравствениот систем.

За нив, личниот и партискиот интерес е далеку пред интересот и здравјето на граѓаните. Затоа губат три пати на избори, затоа се опозиција и затоа уште долго ќе останат таму, рече Васев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T