3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Се додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик

Се додека постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, се додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот Зоран Заев во своето обраќање на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.

„Годинава одбележуваме 75 години од создавањето на македонскиот јазик и правопис. Токму затоа Владата го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик. Македонскиот јазик е признат во целиот свет и слободно се користи насекаде. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Сакам да испратам јасна порака дека оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик, изјави Заев во своето обраќање на конференцијата за македонскиот јазик.

„Со години сум покровител на оваа конференција за македонскиот јазик и секогаш е задоволство да се биде тука со вас, дури и во вонредни околности како што е оваа пуста пандемија.“, рече Заев.

Според Заев, токму ваквите меѓународни конференции испраќаат силна поддршка за негување на нашот македонски јазик.

Тој порача граѓаните да бидат чувари на македонскиот јазик, бидејќи јазикот сме сите ние.

Можеби ќе ве интересира

Митрески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик

M T

СДСМ: Македонски јазик во ЕУ, потонати се сите лаги на Мицкоски и Апасиев

M T

Фон дер Лајен: Димитар, Договорот за ФРОНТЕКС ќе биде на македонски јазик без фусноти и ѕвездички

M T

Пендаровски: Обврска ни е да го чуваме и негуваме македонскиот јазик

M T

Богданка Кузеска: За македонскиот идентитет и јазик нема да се преговара со никого, нашите идентитетски линии се јасно поставени

M T

СДСМ: Очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа дека македонскиот идентитет и јазик се меѓународно признати и потврдени

M T