6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Утврдени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41%, во однос одлуката од 13.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво, односно не се менуваат.

Од 20.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 50,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,754 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг и ќе изнесува 26,754 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 2,515%, кај дизелот има зголемување за 0,074%, намалување има кај екстра лесното масло за 0,415% и кај мазутот намалувањето е за 0,633% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,006%.

Oва се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.10.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

ВО ТЕК ИСПЛАТАТА НА К-15 – Еве колку би била сумата која би ја добиле вработените на своите сметки

ДЕСК

Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

ДЕСК

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања: Побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра

C +