Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Деновиве ќе бидат предложени нови рестриктивни мерки – ништо нема да работи по 23 часот?

Деновиве се очекува Комисијата за заразни болести на состанок да го дополни и комплетира сетот на мерки кој ќе биде предложен до Владата.

Според неофицијални информации, за почеток, не се размислува за полициски час во овие мигови, но доколку продолжи разгорувањето на коронавирусот ниту тоа не е исклучено.

Една од мерките ќе биде кафетериите и рестораните да затвараат час или два порано, односно од 23 часот ништо да не работи.

Покрај ова се очекува да биде предложено во јавниот превоз да се користат само 50% од капацитетите.

Овие мерки практично ги најави министерот за здравство Венко Филипче, додека Караџовски од комисијата за заразни болести соопшти дека може да се очекува и по 1000 новозаразени дневно.

Следнава седмица треба во законски решенија на брза лента да поминат и законите за забрана на групирање по домови и на отворени површини и задолжително носење на маска.

Денеска беа регистрирани рекордни 594 новозаразени, што е највисока бројка за еден ден од почетокот на пандемијата. Рекордни бројки на нови случаи на корона има низ цел регион и Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Втор круг во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, шест скопски општини добија градоначалници во првиот круг

C +

ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левица, Влен и ДУИ имаат по 6

C +

ВМРО-ДПМНЕ добива 32 градоначалника во првиот круг, Влен зад нив со победа во пет општини

C +