8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

На овој начин сѐ започнува: Симптомите на коронавирусот најчесто се јавуваат по овој редослед

Истражувањето од Универзитетот во Јужна Калифорнија успеа да утврди дека симптомите на Ковид-19 често започнуваат по одреден редослед.

Ова откритие може да им помогне на заразените со вирусот корона да се изолираат и да започнат со третман на време, што може значително да ги подобри резултатите на пациентите.

Симптомите како што се треска и кашлица се слични кај голем број на болести, вклучително и сезонски грип. Бидејќи сè уште се бориме со епидемијата, а сезоната на грип е започнат, поважно е од кога било да знаеме од што всушност страдаме.

– Ова е особено важно, да се знае кога се преклопуваат циклусите на болести како грип, што се случува истовремено со епидемијата Ковид-19 – рече д-р Питер Кун, еден од авторите на студијата и професор по медицина.

За да го предвидат редоследот на симптомите, истражувачите ја анализирале стапката на инциденца на симптомите собрани од Светската здравствена организација кај повеќе од 55.000 луѓе со Ковид во Кина. Тие исто така разгледаа збир на податоци собрани за скоро 1.100 случаи собрани, меѓу декември и јануари, од страна на експертска група за медицински третман на Ковид во Кина.

– Редоследот на симптомите е важен. Знаејќи дека секоја болест напредува поинаку значи дека лекарите можат да утврдат дали има Ковид или друга болест, што им помага на лекарите да донесат подобри одлуки – рече Јозеф Ларсен, главниот автор на студијата.

Редоследот на симптомите кај Ковид-19:

температура

кашлица и болки во мускулите

гадење и повраќање

треска

Можеби ќе ве интересира

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК

Авион веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром се судрил со јато птици по што се вратил и безбедно слетал

ДЕСК

Жената го прободе сопругот, а тој претходно ја фатил за врат – драматична ноќ во Македонија

ДЕСК