Centar.mk
фото ВМРО ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Прес конференција на Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник:

Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард.

Додека денес не бираат средства со кои ја напаѓаат Владата, во 2019 година, во времето на Заев и Филипче од Венецуела во Македонија беа слеани 110 милиони евра во струмички фирми блиски до Заеви.

Да потсетиме, тогаш Венецуела беше под меѓународни санкции, но тоа за Владата на Заев и Филипче не беше важно.

Истражувачки новинари, тогаш открија дека тие 110 милиони евра биле првата транша од планирате дури милијарда и 600 милиони евра.

Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, чии вистински сопственици биле латиноамерикански државјани, а дел од парите оделе и преку руски банки.

Каде има криминал, корупција и уништување, таму се Филипче и Заев.

Затоа денес се гласни, затоа што имаат за цел да уништат банка, да шират паника дека ќе им пропаднат парите на клиентите, и да дојде бизнисмен близок до Заев да ја преземе банката. Тие гледаат само корист.

Додека е Мицкоски претседател на Владата, банка нема да пропадне, а граѓаните ќе бидат заштитени.

фото ВМРО ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК

ВОЗЕЛ „АУДИ“ СО 2,20 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ – Приведен скопјанец во Охрид, возилото му е одземено

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев

ДЕСК