13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Потресен статус на Стефан Богоев: Собрав сили некако… За Трајко…

Фејсбук статус на Стефан Богоев, градоначалник на Карпош:

Собрав сили некако…За Трајко…
“U nama je sudbina budućih dana
I neki se možda i plaše za nju
Kroz vene nam protiče krv partizana
I znamo zašto smo tu
Računajte na nas…”

Зборови со мака вадам, а толку имам да кажам. Толку имам да кажам, а што и да кажам не е доволно да се опише што си ти, што си ми на мене и што сме поминале јас и ти!

Трајко не е само човечиште! Трајко е начин и концепт на живот. Живот, исполнет со љубов, чесност, искреност, другарство, хуманост, лојалност и несебичност. Бесконечна несебичност!

Човек, кој кога е во мака те прашува како е со твоите проблеми.

Доктор, кој кога кашла те прашува како е твојата кашлица.

Другар, кој да може ќе полета на месечината за да ти помогне.

Брат, кој ти станува повеќе од семејство и ти е лојален со цело срце и душа.
Грижлив и несебичен бескрајно. До степен, да оставиш аманет на друг доктор колега со зборовите “Кога мене ќе ме нема, ти да му помагаш на брат ми Богац како доктор”. И кога помислувал на најлошото, аманетот му бил пак за помош на другиот, на блискиот!
Ваков човек втор на светот нема!!!
Малкумина знаат, но Трајко е “крив” за тоа што сум јас денес како човек и политичар.
Ме научи да помагам, ме научи да се борам!
Секогаш да се борам! Кога ќе наидевме на проблем и ќе го прашам што да правиме ќе каже: “Во Вардар и контра ако треба ќе пливаме”.

Трајко е првиот човек кој веруваше во мене и ми помогна да станам претседател на СДММ.

И така почна мојата кариера.

Ми стана секретар! Не, стана секретариште! Какво што СДММ никогаш немало и нема да има.

Сите активности, сите дружби, сета хемија во СДММ е твоја и само твоја “вина”. Тоа сите го знаеме, сите го чувствуваме и сите ќе го паметиме. Ти беше и ќе останеш еден и единствен.

Често на шега ќе кажевме, “Еден ден, Младинскиот летен камп на СДММ ќе треба да се вика “Трајче Нешковски”. За жал и тоа дојде…

Извозевме стотици илјади километри, марширавме илјадници, безброј забави и дружби. Сите станавме семејство поради тебе. Ти беше и секогаш ќе бидеш хемијата која не сплотуваше. Дрим тимот! Тимот и ударната каписла која секогаш велевме дека ќе го смени светот. И во еден мал сегмент успеавме, го сменивме! Историја испишавме!
Трајко ми е семејство. И неговото семејство е мое семејство. И јас со тебе никогаш нема да се простам. Ти секогаш ќе бидеш во мене, зошто јас сум јас поради тебе!

Брату мој, со “Bella ciao” и “Рачунајте на нас”, во себе ќе те носам засекогаш јас!
“Со твоите солзи, покриј ме мене, за убав цвет да изникне…”

Те сака засекогаш, твојот Кабра!

https://www.facebook.com/1279098296/posts/10218766737341067/?extid=0&d=n

Спонзорирано: